Google Book Search




   

Бизнис План Натпревар

Натпреварот е наменет за сите млади, иновативни лица до 35 години кои се подготвени да започнат сопствен бизнис. Натпреварот е отворен за секакви идеи (услуги и производи) од секоја гранка од стопанството. 

Критериуми за учество
- Учесниците во бизнис план натпреварот да бидат помлади од 35 години
- Новата компанија да биде регистрирана по добивањето на наградата, но најдоцна до 3 месеци потоа
- Добиените средства да бидат искористат за развој на компанијата 

Пријавување на идеите
Учесниците на обуките ќе бидат избрани од оние кои ќе ја пријават својата идеа online (кликни тука да пополниш формулар „Пријавување на идеи“). Формуларот за пријавување на идејата е многу едноставен и содржи 4 елементи:

- Име на идејата
- Краток опис на идејата (што е производот/услугата, како функционира, краток опис на производниот/услужниот процес)
- Целна група (потенцијален пазар на Вашиот производ/услуга, регион, сегмент на популација)
- Проценка на ресурсите што ви се потребни (финансии, опрема, човечки ресурси, дополнителни услуги)

Селекција на идеите
Како ќе биде избрана најдобрата идеа?
Помеѓу пријавените, идеите ќе бидат селектирани врз база на тоа колку се:
 
 Критериум
 
 Важност
 Иновативни
 
 35%
 Базирани на знаење
 
 15%
 Профитабилни
 
 30%
 Реално изводливи
 
 20%

 

Едукација
Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење заедно со Business Start-up Centre има подготвено модули кои ќе им помогнат на кандидатите во започнувањето / водењето на својот бизнис. Описен преглед на тие модули може да се погледне на овој линк. Пријавените не се обврзани да ги посетуваат обуките за да се здобијат со право на учество во натпреварот. Сепак, препорачуваме учество на истите за да се здобиете со дополнително знаење за развој на вашиот сопствен бизнис. Покрај овие стандардни обуки, дополнителна помош се и консултантските часови кои што може да ги искористат кандидатите пред да ја предадат својата финална верзија на бизнис планот. За тие компании што ќе бидат оформени во центарот, следуваат дополнителни консултации од експерти, како и секојдневна помош од тимот на Центарот .

Бизнис план
Бизнис планот е најважниот дел од целата приказна наречена Натпревар за најдобар бизнис план и најважен фактор за оценување на победникот. 
Откако ќе бидат прегледани и оценети сите доставени бизнис планови, ќе бидат селектирани 20те најдобри и тие ќе треба да подготват презентација.
Врз основа на многуте фактори ќе биде одберени најдобрите бизнис планови. За нив следуваат награди и целосна помош од Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.

 

 

 

Web Calendar
 Previous year  Previous month August
2014
 Next month. There are currently no events scheduled for this day  Next year
 Su  Mo  Tu  We  Th  Fr  Sa
 27   28   29   30   31   01   02 
 03   04   05   06   07   08   09 
 10   11   12   13   14   15   16 
 17   18   19   20   21   22   23 
 24   25   26   27   28   29   30 
 31   01   02   03   04   05   06 

 

  Capacity Building Towards   Knowledge Based Economy  
   financed by

Партнери:

 

Site Meter Visitors ;  
  Copyright © ncdiel.mk